ЕЛ ЧОЛО НАОСТРЕН: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ЗА РЕАЛ!
Објавено на: 21.02.2025
Атлетико Мадрид го доби актуелниот европски првак и градски ривал Реал, за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Ждрепката се погоди во вистински момент за Диего Симеоне да може да одговори на прашања околу ривалот, во текот на прес-конференцијата за лигашкиот дуел против Валенсија.
„Разбирам дека повеќе ве интересира моето мислење околу ждрепката, но она што можам да кажам е само дека ќе бидат два фантастични натпревари и дека сме подготвени за Реал. Не ми прави многу разлика тоа што нема да патуваме за гостувањето. Сепак, пред нас се многу тешки дуели во следните 30-тина дена, не можеме да се фокусираме само на Реал. Одиме по ред“, посочи Симеоне.
Јорганџиите ги очекува пеколен распоред до почетокот на април. Во три наврати ќе играат против Барселона, еднаш во Ла Лига и двата полуфинални меча во шпанскиот Куп. Тука е и двомечот против Кралевите, како и незгодни гостувања кај Хетафе, Еспањол, а и утре против Валенсија нема да им биде лесно.