Фудбал

ФАНОВИТЕ НА АРСЕНАЛ СЕ БУНАТ ЗА „НАМЕСТЕНАТА“ ПЕКОЛНА ЖДРЕПКА

Ждрепката за осминафиналните парови во Лигата на шампионите нѐ почасти со неколку фанстастични двомечи. Секако, најмногу внимание ќе се обрне на ПСЖ – Ливерпул и Реал Мадрид – Атлетико Мадрид, како и Баерн Минхен против Баер Леверкузен.

Веднаш по ждрепката, фановите на Арсенал се активираа на социјалните мрежи да се пожалат околу самото извлекување, тврдејќи дека е наместено. Топчиите за противници во осминафиналето ги добија ПСВ од Ајндховен, со што се истакнаа како фаворити на хартија.

Она што ги изнервира лондонските навивачи се нивните потенцијални противници во четврт, односно полуфиналето. Доколку Арсенал го помине ПСВ, ќе игра против подобриот од двомечот на градските ривали Реал и Атлетико. Во случај да тимот на Артета се избори за полуфинале, ќе игра против ПСЖ или Ливерпул, не давајќи им шанси на Бриж или Астон вила.

„Каква местенка е ждрепката…“

„Реал против Атлетико? Никој не може да ме убеди дека ова ср*ње не е наместено…“

„Срамота колку е наместена ждрепката. Два шпански и два германски тима ќе играат меѓусебе…“

Беа дел од коментарите на фановите на Арсенал, како први реакции на социјалните мрежи.

Дали навистина УЕФА ја намести ждрепката, или едноставно новиот формат и начин на извлекување на противниците е неразбирлив за нив?