НАМЕСТО ПЕНЗИЈА, ПОТПИША НОВ ДОГОВОР
Објавено на: 18.02.2025
Одбранбениот ветеран и капитен на Ница, Данте, потпиша нов договор до јуни 2026, со францускиот прволигаш и тоа на 41 година. Бразилецот е еден од ретките феномени во фудбалот, кој на 40+ години уште е активен и игра фудбал на највисоко ниво.
Пред само една недела одбележа 300 настапи за Ница, до кои стигна играјќи во континуитет во изминативе девет години. Со продолжувањето на соаботката, Данте ќе одбележи една деценија како дел од семејството на Ница.
Данте во 2016 година го напушти Волфсбург и го облече црвено-црниот дрес на Ница, а претходно настапуваше уште за Баерн Минхен, со кој беше европски шампион во 2013 година. Данте уште беше член на Менхенгалдбах, Лил, Шарлерој, додека професионалната кариера ја почна во Хувентуд во далечната 2002 година.