Фудбал

ОВАЦИИ ЗА ЏАНИ АЛИОСКИ, ИГРАШЕ КЛУПСКИ ФУДБАЛ ПО ЕДНА И ПОЛ ГОДИНА (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски конечно заигра фудбал, а да не е за време на репрезентативна пауза и во националниот дрес.

Вчера истрча на теренот за Ал Ахли во победата од 4-2 над Ал Гарафа, одигра 15-тина минути, што му беше првпат да игра клупски фудбал по пауза од повеќе од 530 дена. Иако Џани не е регистриран за првенството во Саудиска Арабија, може да настапува за својот тим во азијската Лига на шампиони.

Со оглед на тоа дека навивачите подолго време го немаа видено Алиоски во дресот на Ал Ахли, нашиот репрезентативец беше поздравен со овации при влегувањето во игра, а и по натпреварот имаа емотивна интеракција со скандирање на неговото име.