ТИПУВАМЕ

ИГОР КОНЕЧНО ЌЕ БИДЕ ДОБИТЕН? НОВ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ ЗА ОВОЈ ВИКЕНД

Кога доаѓа викенд, првата помисла на Игор му е дали конечно ќе биде добитен?

Утре и задутре нѐ очекува возбудлив фудбалски викенд со неколку дерби-натпревари, а Игор одбра шест пара со кои ќе напаѓа солидна добивка.

ЛАЦИО – НАПОЛИ: Гол гол

Незгодно гостување за лидерот во Серија во Рим, каде може да испушти важни бодови во трката за Скудeтото. Игор нема да типува победник, туку очекува барем по еднаш да се затресат двете мрежи. Добро е да се знае дека Лацио веќе двапати сезонава се покажа како кобен за лидерот во Италија, еднаш во лига, еднаш во Купот.

МИЛАН – ВЕРОНА: 1-1

Милан мора експресно да закрепне по поразот од Феенорд во ЛШ, а Игор ќе се потрпе токму на победа на Росонерите. Ги зеде во предвид трите претходни меѓусебни дуели на „Сан Сиро“кои Милан ги доби против Верона, со надеж дека ќе ја продолжат серијата, а верува дека домаќините ќе сакаат побрзо да ја завршат работата за да се насочат со мислите кон реваншот против Холанѓаните.

МАН. СИТИ – ЊУКАСЛ: 2+ второ

Средбите на Сити и Њукасл во последно време никогаш не разочаруваат и редовно се исполнети со голови. Така Игор предвидува да биде и сега, поточно во второто полувреме да се постигнат барем два погодоци.

ЈУВЕНТУС – ИНТЕР: 0-2 во прво и 1-3 гола во второ

Секогаш е ризично да се типува победник во вакво големо дерби, но треба да се знае дека Јуве не славеше во ниедно од последните пет средби против Интер, и секако дека целта на тимот на Мота е да ја прекине серија. Од друга страна, Нероаѕурите се борат да го одбранат Скудетото и нормално е да атакуваат на сите 3 бода. Игор ги одмина тие типови и се одлучи да игра на голови.

ТОТЕНХЕМ – МАН. ЈУНАЈТЕД: 1-3 гола во прво и 1-3 во второ

И двете екипи имаат тешка сезона со многу порази, поради тоа е тешко да се одлучиме кај кого ќе одат бодовите. Но, секогаш сигурна опција е да типува дека ќе има меѓу еден и три гола во двете полувремиња.

ЛЕНС – СТРАЗБУР 1+ во прво и 1+ во второ

Стразбур е една од поефикасните екипи во Франција, но и лесно прима голови оваа сезона. Ленс пак постигна само 10 гола во 11 меча кои ги одигра на домашен терен, а Игор им верува дека токму во овој дуел ќе го подобрат учинокот пред својата публика.

Трпески се надева дека неговата кратка анализа ќе ти помогне да пишеш твоја комбинација за претстојниот фудбалски викенд. А, доколку немаш визија, искористи го нашиот предлог-тикет со шифрата за брза уплата.

Натпреварите се играат во сабота и недела.

ШИФРА: W02141173379