СИТИ СО 4 ТРАНСФЕРИ МЕЃУ 10-ТЕ НАЈСКАПИ ЗАСИЛУВАЊА ВО ЈАНУАРИ
Објавено на: 04.02.2025
Се очекуваше дека Манчестер сити ќе го одврзе ќесето во јануарскиот преоден рок, по низата разочарувачки резултати кои ги претрпе тимот на Гвардиола во текот на оваа сезона.
Со цел да се врати англискиот првак во конкурентска форма и повторно да биде силен како што се навикнавме, Граѓаните потрошија вкупно 212 милиони евра во јануари за четири нови имиња, а тоа се Омар Мармуш, Витор Рејс, Абдукодир Кусанов и Нико Гонзалес од вчера.
Сите четворица се најдоа на листата на топ 10 најскапи засилувања во зимскиот трансфер прозорец, а ова е комплетната листа:
- Џон Дуран, од Астон вила во Ал-Наср – 77 милиони евра
- Омар Мармуш, од Ајнтрахт Ф. во М. Сити – 75 милиони евра
- Квича Кварацкелија, од Наполи во ПСЖ – 70 милиони евра
- Нико Гонзалес, од Порто во М. Сити – 60 милиони евра
- Чави Симонс, од ПСЖ во Лајпциг – 50 милиони евра
- Галено, од Порто во Ал-Ахли – 50 милиони евра
- Абдукодир Кусанов, од Ленс во М. Сити – 40 милиони евра
- Витор Рејс, од Палмеирас во М. Сити – 37 милиони евра
- Луис Енрике, од Ботафого во Зенит – 33 милиони евра
- Сантијаго Хименес, од Феенорд во Милан – 32 милиони евра
Инаку, се реализираа и неколку интересни позајмици кои вредат да се напоменат, особено во последниот ден од преодниот рок, а тоа се Маркус Рашфорд и Марко Асенсио во Астон вила, Жоао Феликс во Милан, Матајс Тел во Тотенхем…