Тенис

ЃОКОВИЌ МОЖЕ ДА НЕ ЗАИГРА ДО РОЛАН ГАРОС

Повеќе српски медиуми ја пренесоа веста околу паузата на Новак Ѓоковиќ по дијагностицирањето на повредата на бутниот мускул.

Имено, повредата е доста сериозна и се очекува српскиот тенисер да паузира околу два месеци, што би значело дека Новак ќе се врати на терените за Ролан Гарос. Знаејќи го менталитетот на Ѓоковиќ, има шанси да заигра на еден од двата американски Мастерс турнири, Индијан Велс или Мајами Опен, кои се одржуваат пред вториот гренслем.

Во меѓувреме Ѓоковиќ го откажа настапот во Дејвис Купот, а дефинитивно нема да се појави и на турнирите во Дубаи и Доха.