Фудбал

ГАФ НА ДЕНОТ: БЕКОТ НА БАРСА НЕ ЗНАЕ КОЈ Е ГАСПЕРИНИ (ВИДЕО)

На вчерашната прес-конференција на Барселона во пресрет на дуелот против Аталанта, бекот на Каталонците Алехандро Балде, се најде во комична ситуација при едно прашање од новинарите.

Имено, Балде не знаеше кој е тој Џанпјеро Гасперини кој новинарите го споменаа, па по кратко чудење во празно одговори дека не е запознаен со тој играч, пред портпаролот да го поправи и да му каже дека Гасперини е тренерот на Аталанта.

Инаку, дуелот Барселона – Аталанта се очекува да биде еден повозбудливите средби вечерва во последното коло од Лигата на шампионите.