Фудбал

КАЗЕМИРО ГО МЕНУВА МАНЧЕСТЕР ЗА ВЕЧНИОТ ГРАД?

Каземиро дефинитивно нема иднина како член на Манчестер јунајтед, особено откако Рубен Аморим го презеде тренерското столче на „Олд трафорд“. Веќе извесно време се чека неговото заминување, а се чини дека Рома ќе помогне во таа мисија.

Имено, Каземиро е отворен на идејата да оди на позајмица во Вечниот град, каде што би ги бранел боите на Римската волчица до крајот на актуелната сезона.

Рома нема средства да го откупи неговиот договор, но може половично да ја исплаќа платата на Каземиро, кој доколку дојде на „Олимпико“, би претставувал замена за Леандро Паредес.