Кошарка

ПАУЗА? МОЖЕ ДА НЕ ИГРА И ЕДЕН ЖИВОТ, ПАК ЌЕ БИДЕ „ЛАДНОКРВЕН УБИЕЦ“!

Го паметите ли Кевин Дјурент? Се сеќавате ли дека игра за франшизата од Бруклин? Знаете ли дека не настапи на последните 23 натпревари? Познат ли ви е учинокот со кој се врати во дресот на Нетс, на натпреварот против Њу Орлеанс Пеликанс?

Тенкиот жнеач, или попознат како Дурантула, излезе на паркетот и за 18 минути поминати во игра ги искуба Пеликаните со 17 поени, со 100% шут од поле (5/5), со седум прифатени топки под двата обрача и со пет асистенции, во победата со 139:111.

Изи-кејк-баскетбал?