ХАМИЛТОН СО СЕФТЕ КРУГ ВО НЕГОВОТО ФЕРАРИ (ВИДЕО)
Објавено на: 22.01.2025
Новиот возач на Скудерија Ферари, Луис Хамилтон, денес за првпат седна во својот нов болид откако стана член на култниот Формула 1 тим.
„Зачекори во новата ера“, е објавата на Ферари на социјалните мрежи, споделувајќи видео од Хамилтон како првпат го вози црвениот болид, на тест патека.
Во пресрет на новата сезона, целта на Ферари и Хамилтон ќе биде светска титула, односно враќање на италијанскиот тим на врвот во Формула 1 светот, а британскиот возач ќе ја брката осмата и рекордна светска титула.
Stepping into a new era 👊
Lewis Hamilton takes his first lap in a Ferrari! pic.twitter.com/LCOws2haSn
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) January 22, 2025