Фудбал

РИСТОВСКИ ЖРТВА НА НЕМИЛОСРДНИ КРИТИКИ ПО ПОРАЗОТ НА ДИНАМО ВО ЛОНДОН

Динамо Загреб вчеравечер делуваше немоќно на гостувањето кај Арсенал, а тоа го потврди и резултатот од 3-0 во корист на Топчиите, кои славеа рутинирано и без многу мака.

Меѓу главните виновници, според хрватски навивачи и симпатизери на Модрите, е поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски. Популарниот Риле кој до неодамна беше миленик на публиката во хрватската метропола, одеднаш стана жртва на немилосрдни критики.

„Управата треба да даде оставка само поради тоа што му го продолжија договорот на Ристовски“.

„Ристовски нека му го подарат на Работнички, подобро да не дојдеше на натпреварот, сите три гола ги примивме преку неговата страна. Арсенал 3-0 Ристовски“.

„Секојпат кога Ристовски ќе ја допре топката, се затвораат 10 фудбалски академии“.

„Зарем никој нема ма*иња да му каже на Ристовски дека му помина времето? Му благодариме за сѐ што даде за овој клуб, но времето го погази“.

Ова се само дел од мислењата кои навивачите на Динамо без влакна на јазикот ги истакнаа за нашиот Стефан, а на удар на критики се најде и Аријан Адеми, како и уште неколку фудбалери на хрватскиот првак.