ОЛИМПИСКА СТОРИЈА НА ДЕНОТ, ИЛИ НА ВЕКОТ?
Објавено на: 26.07.2021
Само вторпат од 1992-та, друга земја покрај Кина освои злато во пинг-понг, со што беше прекината доминацијата подолга и поголема од онаа на Американците во кошарка, на Русите во кревање товар или на Јужнокорејците во мечување.
Јапонската мешана двојка, во состав Јун Мицутани и Мима Ито победи во финалето кинеската двојка со 4:3. Од 1988-та, по воведувањето на овој спорт на ЛОИ, Кина имаше 28 злата од 32 финалиња. На претходните 6 изданија, само 2004-та во Атина им избега злато во машкиот сингл.
Mizutani Jun and Ito Mima win the mixed doubles #tabletennis gold medal!#StrongerTogether | #Tokyo2020 | @ittfworld pic.twitter.com/827p3zDJmE
— Olympics (@Olympics) July 26, 2021
Во 2008-та во Пекинг, Кина ги освои сите медали во машка и женска конкуренција, што го натера ИОК да ги смени правилата и да дозволи само по двајца натпреварувачи од една земја, наместо по тројца. Па, Кинезите ги собраа златата и сребрата во Лондон и Рио.