ЗОШТО ДРИМ ТИМОТ ЛОШО ЗАПОЧНА ВО ТОКИО?
Објавено на: 26.07.2021
Поразот на Америка од Франција во првиот дуел од Олимписките игри во Токио беше прв по 2004 година и Олимпијадата во Атина, но повеќе загрижува лошата игра на Американците и недоволната поврзаност во тимот.
Секако, поразот не значи крај, но го намалува маневарскиот простор за грешка на најдобрите кога е во прашање историјата на кошарката. На Американците им следува натпревар против Иран во среда, а потоа и финален дуел од групата против Чешка во сабота пред четвртфиналниот дуел.
Според Лилард, поразот не треба да зачудува бидејќи Франција има светска-класа на играчи.
Кога играат за своите репрезентации, тие се многу поразлични од оние дуели кои ги играме секоја вечер во НБА лигата. Тука тие имаат многу повеќе слобода и повеќе самодоверба.
Колку за илустрација дека нешто не оди кај Американците е фактот дека Дјурент, Тејтум, Лилард, Букер, Мидлтон, Грин и ЛаВин заедно имаа 44 поени, шутирајќи само 15 пати успешно од 46 обиди.
Но според добро упатени извори од таборот на Американците, постои незадоволство кај играчите на Америка од селекторот Грег Поповиќ кој форсира на акции кои ги работи во Сан Антонио. Според нив, многу подобро би се вклопиле во друг систем отколку оној кој тој го практикува во Аламо.
Претходно, во јавноста излегоа и снимки од нетрпеливоста помеѓу одредени играчи, поточно помеѓу Дјурент и Адебајо.