Останато

АВСТРАЛИЈКАТА ЈА ДОЖИВЕА СУДБИНАТА НА ЧАВИЌ

Ема МекКеон го подели првото место во полуфиналето со кинеската пливачка, Јуфеи Жанг. На фотографијата од птичја перспектива, и повеќе од јасно се гледа дека австралиската претставничка требаше, односно мораше да победи и „среќа“ што ова беше дуел во полуфинале, а не битка за медал.

Потсеќаме на трката на 100 метри делфин меѓу Милорад Чавиќ и Мајкл Фелпс во Пекинг 2008-та, во која скоро очигледно беше дека српскиот пливач е побрз од американскиот во борбата за златото, но спонзорот на Фелпс и официјален мерач на времето Омега, пресуди во корист на својот пулен.