ЛАЗАРОВ: СЀ ПОТЕШКИ ПРЕДИЗВИДИЦИ СЕ ПРЕД НАС, НО ПОДГОТВЕНИ СМЕ
Објавено на: 21.01.2025
Македонската ракометна репрезентација попладнево (15:30 часот) ќе го одигра првиот од трите натпревари во втората фаза од Светското првенство, а прв предизвик е селекцијата на Австрија.
Селекторот Кире Лазаров даде кратка анализа за сѐ што се случи досега и што ги очекува неговите ракометари во наредените денови.
„Нормално дека сме среќни и задоволни со пласманот во втората фаза, но сега пред нас се потешки предизвици – нови три натпревари против Австрија, Катар и Франција. Тоа се селекции кои знаат што сакаат во секој момент од натпреварот. Но, исто така сме свесни дека изградивме добра атмосфера во нашиот тим, а што е најважно покажавме колку сме борбени во претходните дуели. Австрија ќе биде без двајца важни играчи, ќе се обидеме тоа да го искористиме. Без разлика, мора да влеземе во мечот максимално подготвени бидејќи ќе биде тоа исклучително исцрпителен дуел, поради фактот што нивниот систем функционира во сите фази од ракометната игра. Исто така се надевам на поддршка од трибините како досега“, истакна селекторот.