Фудбал

ТЕН ХАГ ЌЕ НАВИВА ЗА БОЛОЊА ЗА ДА ОБЕЗБЕДИ НОВА РАБОТА

Тимот на Борусија Дортмунд вечерва гостува кај Болоња во рамките од петтото коло во Лигата на шампионите, дуел кој ќе биде пресуден за тренерот на Милионерите, Нури Сахин.

Имено, Сахин вечерва има последна шанса да си ја спаси работата, а може да го стори тоа само доколку ги освои трите бода. Во спротивно, ќе биде разрешен експресно, а управата на Дортмунд веќе одбра негов наследник.

Ерик Тен Хаг, по отказот од Манчестер јунајтед е без работа, а со оглед на тоа дека е еден од подобрите тренери кои се слободни за ангажман во моментов, се истакна како фаворит да ја преземе клупата на актуелниот европски вицешампион.

Поради тоа, нема да биде изненадување доколку Тен Хаг вечерва навива за Болоња да избори позитивен резултат, па со помош на калчолигашот да си обезбеди нова работа.

Дуелот Болоња – Дортмунд е закажан во 21 часот.