Тенис

ЗВЕРЕВ ГО ЧЕКА ПОБЕДНИКОТ: ЃОКОВИЌ ПРОТИВ АЛКАРАС? ПА, ТОА ЌЕ БИДЕ ЗДОДЕВЕН ДУЕЛ (ВИДЕО)

Александер Зверев се пласира во полуфиналето на Австралија Опен, по победата над Томи Пол со 3-1 во сетови, а потоа го даде едно од најкомичните интервјуа на гренслемот.

Германскиот тенисер го чека победникот од мега-дуелот Ѓоковиќ – Алкарас, кој е закажан да стартува во 10:30, а на публиката ѝ посочи дека тоа ќе биде многу здодевен меч. Секако, го кажа тоа во шега.

„Апсолутно здодевен дуел, нема причина да останете тука откако посведочивте на дуелот меѓу Зверев и Пол. Мислам, да не се лажеме…“, истакна Саша во шега, а потоа продолжи:

„Двајца од најдобрите кои некогаш земале рекет во рака. Новак е најголемиот на сите времиња, а Карлос ќе биде еден од великаните кога ќе се пензионира. Тоа е судир на генерации, играле доста гренслем финалиња меѓусебе претходно, лани се бореа за олимпиското злато. Затоа, привилегија е да се сведочи на уште една нивна средба тука во Мелбурн, па се надевам дека ќе уживате“, заврши германскиот тенисер.