Фудбал

МЕНУВАШ ТРЕНЕР + ПОБЕДУВАШ НА СИТЕ НАТПРЕВАРИ + НЕ ПРИМАШ ГОЛ = ТИТУЛА?

Лондонскиот одред маршира цврсто низ елитното натпреварување под водство на германскиот стратег, кој дојде набркан од француската престолнина како непогоден по две прекрасни сезони поминати во ПСЖ. Челси е новиот дом на Томас Тухел, комбинација која заедно гази преку се пред неа како мирнодопска Легија на странци.

Порто ја почувствува моќта на тимот создаден од креативци, чија уметност беше ослободена од страна на минатосезонскиот финалист во Лигата на шампионите, кој беше на чекор до најпосакуваниот успех во животот на еден фудбалски тренер. Двата гола во мрежата на португалската екипа, значеа трет елитен триумф во низа, без примен гол.

Последниот тренер на кого му појде ова од рака – да победи во првите три натпревари од нокаут фазата во Лигата на шампионите, на клупата на Челси, беше италијанскиот стратег Роберто Ди Матео во сезоната 2011/12, кога лондонските сини го освоија пехарот во ова натпреварување. Само случајност, или најава за нова сензација?