Фудбал

ЏАБЕ ГО ТРОЛАВМЕ, СУДИЈАТА ЌЕ ГО ДОНИРА АВТОГРАМОТ?

Фудбалскиот свет беше во своевиден шок, особено официјалните коментатори на неколку големи медиумски платформи, откако асистентот судија Октавијан Совре, на мечот меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд му побара автограм на најголемиот фудбалски потенцијал во моментов, Арлинг Холанд.

Дали поттикнат од коментарите на социјалните и низ текстовите по големите медиуми, или со првобитен план да го стори она што подоцна го најави, помошникот судија со потекло од Романија, најавил дека средствата собрани од продажбата на автограмот, ќе ги донира во добротворни цели за деца со аутизам.

Сепак, хумано, нели???