СИ ГО ИСПОЛНИ СОНОТ ДА ИГРА НА „ЛА БОМБОЊЕРА“
Објавено на: 17.01.2025
Андер Ерера, поранешниот шпански репрезентативец и некогашен член на Манчестер јунајтед, официјално е нов играч на Бока јуниорс.
Баскиецот го раскина договорот со Атлетик Билбао со цел да си го исполни сонот да игра на култниот стадион „Ла Бомбоњера“. Ерера потпиша договор на една и пол година со Бока, следејќи ги стапките на неговиот поранешен соиграч Икер Мунијаин, кој минатото лето од Билбао се пресели во Сан Лоренцо.
Негова животна желба беше да ја почувствува електричната атмосфера на фудбалскиот храм во Буенос Аирес, а сега на 35 години конечно ќе може да го искуси тоа и да си го исполни детскиот сон.
Ерера во два наврати ги бранеше боите на Билбао запишувајќи 189 настапи, додека кариерата ја почна во Реал Сарагоса. Ерара беше еден од првите засилувања на Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед, каде остави трага на врвен професионалец.