ЗИМСКО ОСВЕЖУВАЊЕ ЗА СИТИ ОД 150 МИЛИОНИ ЕВРА
Објавено на: 15.01.2025
Се очекуваше од Манчестер сити да се активира на пазарот во овој зимски преоден рок, а според информациите познати се трите нови имиња кои доаѓаат на „Етихад“.
Фабризио Романо веќе ги потврди трансферите Абдукодир Хусанов од Ленс и Витор Рејс од Палмеирас, за кои Граѓаните ќе исплатат по 40 милиони евра за двајцата дефанзивци.
Третото освежување е Омар Мармуш, офанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт кој ја запали Бундеслигата сезонава со 15 гола и 10 асистенции во 17 лигашки настапи. Египетскиот напаѓач би бил поддршка за Халанд, односно дополнителна офанзивна опција за Пеп, откако сета обврска околу постигнување голови е на терет на Норвежанецот.
Мометално Ајнтрахт и Сити преговараат за сума меѓу 70 и 80 милиони евра за Мармуш, но се претпоставува дека на преговорите им се гледа крајот и во најскоро можно време Сити ќе го добие потписот на напаѓачот.
Дали овие три аквизиции ќе донесат подобри резултати за актуелниот англиски првак во вториот дел од сезоната, ќе се дознае наскоро.