ЗА ВРЕМЕ НА ГОЛЕМОТО ДЕРБИ ЌЕ СЕ ДОГОВАРА И ГОЛЕМ ТРАНСФЕР
Објавено на: 10.01.2025
Маркус Рашфорд дефинитивно е на излезна врата од Манчестер јунајтед, а сѐ почести се најавите дека ќе замине уште во текот на овој зимски преоден рок.
Најмногу интерес покажаа италијанските гиганти како Милан и Јувентус, додека Комо сонува за играч од ваков калибар. Во меѓувреме, во трката за неговиот потпис се наметна и англискиот ривал на Црвените Ѓаволи, Арсенал.
Артета посакува уште една офанзивна опција во својот тим, а токму англискиот репрезентативец е профилот на играч кој одговара на неговата философија.
Неколку англиски медиуми тврдат дека до договор може да дојде за сума од околу 25 милиони фунти, а потоа на Топчиите останува да најдат заеднички јазик со претставниците на Рашфорд околу платата, бидејќи тој е во топ 3 најплатени членови на гигантот од Манчестер.
Во недела Арсенал го пречекува Јунајтед во рамки од третото коло во ФА Купот, кога покрај битката за пласман во следната рунда, веројатно и ќе се водат преговори околу потенцијалниот трансфер на офанзивецот на Ѓаволите.