Фудбал

НАЈБОГАТИОТ АМЕРИКАНЕЦ ГО КУПУВА ЛИВЕРПУЛ?

Илон Маск наводно е заинтересиран да го откупи Ливерпул од Фенвеј Спортс групацијата која има мнозинство од акциите на еден од најпопуларните спортски колективи во светот.

Шпекулациите ги рашири таткото на Илон, Ерол, кој во едно интервју истакна дека Маск е заинтересиран да инвестира во премиерлигашки клуб, но не откри повеќе детали со цел да не се крене цената доколку дојде до фаза на откупување.

Илон како основач на Тесла, СпејсЕкс и од неодамна сопственик на социјалната мрежа Икс, попозната како Твитер, размислува за следни инвестиции откако неговото богатство достигна вредност од над 400 милијарди долари, правејќи го најбогат Американец на денешницата.

Според Форбс, Ливерпул вреди 4,3 милијарди фунти, со што се наметна како четврти највреден фудбалски клуб во светот. ФСГ го откупија Ливерпул за 300 милиони фунти во 2010 година, а спортските успеси во изминатава деценија ипол придонесоа за финансиско издигнување на англискиот бренд.