Фудбал

ДИНАМО ДОБИ КОНКУРЕНЦИЈА ОД ПОРАНЕШЕН ТУРСКИ ПРВАК ЗА ПОТПИСОТ НА БАРДИ

Енис Барди дефинитивно ги минува последните денови како член на Тразбонспор, па иако се очекуваше неговата иднина да се одвива во редовите на Динамо Загреб, сега се појави опција за капитенот на Македонија да остане во Турција.

Имено, Башакшехир, поранешниот турски шампион, покажа интерес за нашиот плејмејкер и веќе се подготвува понуда, односно директна размена со Трабзон, кој би ги добил услугите на Беркај Озчан.

Како трета опција за Барди, се наметнува шпанскиот прволигаш Леганес, со што Енис би де вратил во Ла Лига каде последно настапуваше за Леванте, додека прашање е дали интересот на Динамо е и натаму со ист интензитет, особено откако Немања Бјелица доби отказ и на негово место клупата ја презеде легендарниот Фабио Канаваро.

Како и да е, Барди го очекува бурен јануарски преоден рок, во кој мора да донесе вистинска одлука за неговата кариера.