Фудбал

ПРВОТО ИНТЕРВЈУ НА ДЕПАЈ, КАКО ИГРАЧ НА БАРСЕЛОНА

Големо засилување стигна на Камп Ноу, за претстојната сезона, а ова беа неговите први зборови:

Возбуден сум од клубот, од стадионот. Времето е прекрасно овде, дојдов во прекрасна средина каде очекувам да освојам многу трофеи и да ги додадеме на богатата историја. Дојдов од одмор и веднаш се фокусирам на задолженијата, да се вклопам во екипата, со цел да ја стартуваме добро сезоната. Сакам да бидам креатор на многу шанси на натпреварите, за мене ова е голем предизвик.

Холанѓанецот Мемфис Депај има 27 години, а последните 4 ги помина во Лион. Претходно одигра две во Манчестер Јунајтед, односно четири во ПСВ Ајндховен. Главната причина поради која потпиша со Барса, е тренерот и негов сонародник, Роналд Куман.