ЛИВЕРПУЛ СО НОВОГОДИШЕН ПОДАРОК ЗА НАВИВАЧИТЕ – КАПИТЕНОТ ПРЕД ПОТПИС
Објавено на: 26.12.2024
Повеќе англиски медиуми тврдат дека управата му понуди нов договор на Вирџил Ван Дајк да остане во Ливерпул до јуни 2027. Некои веќе велат дека работата е завршена, само се чека официјална потврда од клубот, што значи дека навивачите на Црвените веќе може да слават.
Овој новогодишен подарок е прв од трите кои се очекуваат на „Енфилд“ со огромно нетрпение. Доколку Ван Дајк навистина потпише нов договор, ќе означи една деценија како член на англискиот гигант.
Наводно, управата е блиску да оствари и нова соработка и со Мохамед Салах. Популарниот Фараон игра феноменално сезонава и цело време изјавува дека ја игра можеби последната сезона во црвениот дрес, но од друга страна гласините кои се шират тврдат дека Салах исто така ќе остане на „Енфилд“ до јуни 2027 година.
Ситуацијата со третиот важен адут на кој му истекува договорот, Трент Александер-Арнолд, е малку поделикатна. Самиот играч посочи дека би сакал да остане, но напоредно Реал Мадрид константо потсетува на покажаниот интерес за англискиот бек, па нема да биде изненадување доколку оваа сага потрае уште некој период.