Фудбал

МЛАДАТА SВЕЗДА НА КОМО ВЕЧЕВА ЌЕ БИДЕ НА АУДИЦИЈА НА „ЏУЗЕПЕ МЕАЦА“

Многумина се сомневаа во потегот на Нико Пас да си ја проба среќата во друг клуб иако минатата сезона изби во првиот тим на Реал Мадрид како производ на школата на Кралевите.

Младиот аргентински плејмејкер во текот на летото потпиша за новиот калчолигаш Комо и доби огромна доверба од тренерот Фабрегас. За брзо се наметна како првотимец и брилјираше во повеќе наврати, запишувајќи два гола и четири асистенции во 15 настапи во Серија А.

Особено е атрактивен на теренот, а според тоа како се покажа на позицијата 10, се јави интерес од миланскиот гигант Интер. Хавиер Занети наводно будно го следи развојот на Пас, а токму вечерва на „Џузепе Меаца“ фудбалерот на Комо ќе биде на аудиција.

Интер планира во наредниот период да инвестира во млади таленти, а Пас одговара на профилот, па од клубот се надеваат дека конекцијата со Лаутаро Мартинес може да помогне да се добие потписот на ексиграчот на Реал.

Инаку, Пас има повратна откупна клаузула од 12 милиони евра која Реал може да ја активира.