„НОВИОТ ИНИЕСТА“ ЌЕ ИГРА ПОД ПАЛКАТА НА АРТЕТА?
Објавено на: 23.12.2024
Повеќе англиски медиуми ја пренесоа веста дека Арсенал веќе го договори првото зимско засилување, а станува збор за Алберто Молеиро од Лас Палмас.
Молеиро е шпанска фудбалска надеж кој доби прекар „новиот Иниеста“ поради стилот на игра кој наликува на легендата на Барселона. Има откупна клаузула од 60 милиони евра, која Арсенал наводно ја активира за 21-годишниот офанзивец да се пресели на „Емирати“ во јануарскиот преоден рок.
За неговите услуги интерес покажаа уште Барселона и Астон вила, а наводно и Ливерпул, но сепак Молеиро е на пат кон северниот дел од Лондон.
Крилниот офанзивец сезонава постигна четири погодоци на 17 настапи во Ла Лига во дресот на Лас Палмас.