Фудбал
КАКО СЕ СЛАВЕШЕ ТИТУЛАТА НА ВЕЛЕЗ, ДОБРО Е ШТО НЕ СЕ РАСПАДНА СТАДИОНОТ (ВИДЕО)
Објавено на: 16.12.2024
Велез Сарсфилд по пауза од 11 години повторно е шампион на Аргентина. Титулата број 6 во клупската историја беше обезбедена вчера по победата од 2-0 над Хуракан, по што во Буенос Аирес отпочна големата прослава.
Стадионот „Хосе Амалфитани“ беше преполн и пред почетокот на средбата, а по последниот судиски свиреж, илјадниците фанови паднаа во делириум, а трибините буквално се тресеа.