Фудбал

КОЛЕНОТО Е СÈ ПОДОБРО, ОСВОЈУВАЧОТ НА ЗЛАТНАТА ТОПКА СО МАКСИМАЛНИ НАПОРИ РАБОТИ НА КАМБЕКОТ (ВИДЕО)

Шпанската фудбалска федерација објави видео од Родри, поточно од напредокот на неговата тешка повреда на коленото. Освојувачот на Златната топка ги скина вкрстените внатрешни лигаменти на почетокот од оваа сезона, со што му се предвиде пауза дури до крајот на истата.

Сепак, неговиот вложен напор за побрзо да се врати на терените се чини дека се исплаќа, според она што може да се забележи во видео записот подолу.

Целта му е да заигра фудбал во финишот од актуелната сезона, со оглед на тоа дека неговото отсуство е кошмар за Манчестер сити.