И ХРВАТСКИОТ КОМЕНТАТОР ЗНАЕШЕ ДЕКА ЗВЕЗДА Е ОШТЕТЕНА НА „САН СИРО“ (ВИДЕО)
Објавено на: 12.12.2024
Навивачите на Црвена звезда се гневни поради катастрофалната одлука на Хесус Манѕано да го признае вториот гол за Милан и така да им одземе бод на Црвено-белите на гостувањето на „Сан Сиро“.
Се играше 87-та минута кога се случи спорниот погодок во кој имаше два прекршоци во напад, прво врз Џига, а потоа и врз капитенот Спајиќ. Цел свет виде дека има фаул и дека голот е нерегуларен, но не и Манѕано кој беше на местото на настанот и ладнокрвно одлучи дека нема ништо спорно во ситуацијата.
Таков став завзеде и хрватскиот коментатор на „Арена спорт“, Домагој Панциров, кој детално ја опиша целата ситуација и каде се прекршоците, по што кажа дека голот мора да се поништи, што сепак не се случи.
„Ова е фаул, ова е фаул врз Урош Спајиќ. Според мене, ВАР мора да го поништи овој гол. Ова е фаул во напад, а пазете има влечење за дресот на Џига од страна на Ејбрахам. Милојевиќ е во право. Дали ВАР ја проверува оваа ситуација? Сото Градо и Бенџамин Бранд во ВАР собата мора да реагираат и да го поништат овој гол, барем според мене. Ејбрахам го влече Џига, а потоа Габија го фаулира Спајиќ… Ах, ах, ах, Манѕано го призна голот за Милан…“, коментираше Панциров.
@sinisanad #🇭🇷🇧🇦🇷🇸 #foryoupage❤️❤️ #fyp #viral_video #balkan #balkantiktok #championsleague #var ♬ original sound – SinisaNad