Фудбал

ШТЕТНО Е ЗА СИТЕ КОГА СУДИЈАТА САКА ДА БИДЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ВНИМАНИЕТО (ВИДЕО)

Ханси Флик викендов го заработи првото исклучување откако ја предводи Барселона, а неговата екипа ремизираше на гостувањето кај Бетис со 2-2. Поради црвениот картон, Флик нема да биде на клупата за последните два лигашки дуели во 2024 година, против Леганес и во дербито против Атлетико Мадрид.

Сепак, од клубот одговорија со жалба за нејасното исклучување кое судијата Руис без многу размислување го спроведе, откако доби сугестија од неговиот помошник.

Имено, причината за црвениот картон е што Флик наводно со гестикулација со раката реагирал на судиска одлука, што според правилата се добива од два до три меча суспензија, но германскиот стратег по натпреварот изјави дека реакцијата била за него и неговиот стручен тим.

„Ниту реагирав кон некого, ниту кажав нешто кон судиите. Реакцијата беше за мене, ова што ми се случи го доживеав првпат во кариерата“, истакна Флик.

Погледнете го моментот и причината зошто Флик доби црвен картон, па проценете дали судијата беше во право или сакаше да се најде во центарот на вниманието.