НИ БАРСЕЛОНА, НИ БЕЛГРАД – ЕВРОЛИГАШКИОТ Ф4 ЌЕ СЕ ИГРА ВО АБУ ДАБИ!
Објавено на: 03.12.2024
За првпат во историјата од формирањето на кошаркарската Евролига, финалниот турнир ќе се игра надво од Стариот Континент, поточно во Абу Даби.
На генералното собрание кое се одржа за гласање на град-домаќин за претстојниот фајналфор турнир, само Реал Мадрид и Олимпијакос гласаа против, односно со 11-2 мнозинството одлучи новиот европски кошаркарски шампион да се одлучува во Обединетите Арапски Емирати.
Барселона и Белград беа опции кои се споменуваа во изминатиот период, меѓутоа Арапите го добија домаќинството со тоа што понудија повеќе пари, односно 25 милиони евра, па така фајналфорот кој ќе се одржи од 23 до 25 мај 2025 година за првпат во историјата ќе се игра надвор од Европа.
Полуфиналињата и големото финале ќе се играат во „Етихад арената“ која има капацитет од 18.000 седишта.