ОД КАУЧ НА „БЕРНАБЕУ“ СО ЕДЕН КЛИК? РЕАЛ И ЕПЛ СО РЕВОЛУЦИОНЕРНА КОЛАБОРАЦИЈА
Објавено на: 25.11.2024
Флорентино Перес, претседателот на Реал Мадрид, на годишниот собир на управниот одбор на шпанскиот спортски колектив, истакна дека клубот преговара со „Епл“ за соработkа од досега невидени размери.
Имено, планот на Перес е да им се овозможи на навивачите сосема ново доживување на натпреварите, особено nа оние кои не се во можност да ги гледаат Кралевите од трибините на „Сантијаго Бернабеу“. Со помош на виртуелна реалност, односно ВР уредот на познатата телекомуникациска компанија, ќе може да ги следите мечевите на Реал од комфорот на вашиот дом, а ќе се чувстувате како да сте на култниот стадион во Мадрид.
„Инфинити Сантијаго Бернабеу“ e називот на проектот, а засега е непознато кога ќе се имплементира за корисниците на „Епл“ ВР очила.