Мотоспорт

КИКС НА РЕД БУЛ ПРЕД ТРКАТА ВО ЛАС ВЕГАС: ПОГРЕШЕН ДЕЛ ОД БОЛИДОТ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ

Тимот на ред Бул направи голема грешка во пресрет на трката за големата награда во Лас Вегас. Имено, донесен е погрешно задно крило за болидот кое не е доволно отпорно за сечење на воздухот, што го прави болидот поспор во однос на противниците.

Оваа грешка се забележа при денешниот тренинг, кога на правите делови од патеката Ферстапен беше значајно поспор во однос на Мекларен и Мерцедес, или поточно заостануваше 7 км/ч.

Со оглед на тоа дека патеката во Лас Вегас се состои од повеќе прави делови каде болидите ќе треба да развиваат максимална брзина, задното крило на Ред Бул кое моментално е на располагање може да биде голема предност за противниците.

„Немаме друго задно крило, односно какво што користат нашите конкуренти моментално. Ќе работиме со тоа што имаме, не е опција со брза достава да го добиеме соодвениот дел“, истакна Хелмут Марко, одговорниот на австријскиот тим.

Трката за големата награда на Лас Вегас е предвидена за недела наутро, додека квалификациите ќе се одржат утре изутрина.