Фудбал

МЕСИ СЕ ВРАЌА ВО БАРСЕЛОНА!

Спортскиот колектив Барселона на 29 ноември организира церемонијален настан за 125-годишнината од формирањето на фудбалскиот клуб, а на настанот присутен ќе биде и Лионел Меси.

Најдобриот фудбалер во историјата на овој клуб, а веројатно и воопшто во фудбалот, првпат од август 2021 година, односно по заминувањето од Барса, ќе се врати во Каталонија откако претседателот Жоан Лапорта лично го поканил.

Засега не е познато дали Лео ќе остане ден повеќе за да го проследи дуелот на тимот на Ханси Флик против Лас Палмас, но бидејќи повеќе нема обврси со Интер Мајами, не се исклучува таа можност.