Фудбал

ЗАВРШИ ГОДИНАТА ЗА ЕЛМАС

Елиф Елмас, еден од најдобрите фудбалери во македонската репрезентација, ја заврши играчката 2024 година откако се здоби со повреда за време на репрезентативните обврски минатата недела.

Елмас се повреди во дуелот против Летонија од Лигата на нациите, а по дополнителните прегледи во Лајпциг утврдено е дека ќе мора да паузира до шест недели. Тоа значи дека нашиот дијамант ќе се врати на терените на почетокот од новата 2025 година.

Станува збор за кинење на мускул на ногата, по што Елмас не можеше до крај да доигра во победата од 1-0 над Летонците, а целосно ја пропушти и победата над Фарски Острови во последното коло.