Кошарка

МАКЕДОНИЈА БЕЗ НЕНО ВО ЕДЕН ОД ДВАТА НАТПРЕВАРИ ПРОТИВ ЛИТВАНИЈА

Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде значително ослабена за првиот од двата дуели против Литванија кои ќе се одиграат во рамките од квалификациите за Европското првенство 2025.

Димитријевиќ нема да му биде на располагање на селекторот Јончевски за средбата на 21 ноември во Скопје бидејќи има обврски со тимот на Олимпија Милано, истиот ден ќе играат против Макаби во Евролигата. Сепак, надежите се дека управата на Милано ќе му даде дозвола на Нено да игра во вториот меч, кога на 24 ноември Македонија ќе гостува кај Литванците.

„Нема да можам да играм во првиот натпревар бидејќи во истиот ден со Милано играме против Макаби во Евролигата. Како и да е навивам да победиме во Скопје“, истакна Димитријевиќ за „Спортклуб“.

Покрај нашиот пв плејмејкер, Јончевски нема да смета и на Ти Џеј Шорц, кој исто така има обврски во Евролигата со неговиот тим Париз Баскет.