Фудбал

МАЈСТОРСКИТЕ НОЖИЧКИ КОИ ГО НАЈАВИЈА ПАДОТ НА СВЕТСКИОТ ШАМПИОН (ВИДЕО)

Парагвај ноќеска ги изненади светските шампиони со триумфот од 2-1 во квалификациите за Мундијалот 2026, а најавата за пресвртот и трите бода на домаќините не можеше да се случи на подобар начин.

Се играше 19-тата минута кога Санабрија одлично се снајде во противничкиот шестнаесетник по една нафрлена топка, па слободниот простор околу него го искористи за да изведе маестрални ножички и силно да ја затресе мрежата.

Конечните 2-1 ги постави Аделерте во 47-та минута.