Фудбал

КУТ СИ ЈА КУТНА СУДИСКАТА КАРИЕРА: ИЗЛЕЗЕ НОВО ВИДЕО, АНГЛИСКИОТ АРБИТАР КОРИСТИ НАРКОТИЦИ СРЕДЕ ЕП (ВИДЕО)

Дејвид Кут, англискиот судија кој пред неколку дена беше суспендиран од Премиер лигата откако во јавноста се појави видео во кое тој ги вреѓа Ливерпул и екстренерот јирген Клоп, дефинитивно може да се прости од судиската кариера.

Се појави ново видео, односно кадар од претходното на кое се гледа како Кут користи наркотици, а за да биде полошо, целата ситуација всушност се случувала за време на Европското првенство кое летово се одржа во Германија.

Неговиот престој како и работењето за време на ЕП беше финансирано од страна на УЕФА, според стандардната процедура, но фактот што Кут решил да ужива додека е на служба, резултираше со суспензија од Европската куќа на фудбалот.