Фудбал

БЕЈЛ ВО ВТОРА ЛИГА?

Малку е неверојатно да се помисли, но можно е – Герет Бејл да ја продолжи кариерата во второлигашка екипа, односно во Кардиф Сити во англиската Чемпионшип.

Тоа е неговиот роден град, Бејл одамна не е омилен меѓу Кралевите, заемот во Тотенхем не успеа да го разбуди, а според обложувалниците – во мај коефициентот за ова изнесувал 16, а сега е само 2.3, што во проценти е 45% можност.

По Кардиф Сити, најголеми фаворити за потписот на велшкиот интернационалец, се Интер Мајами со 13%, Тотенхем 12%, Кина 10%, а на Челси или ПСЖ им се дава по 5% шанса да го видат во своите редови.