Фудбал

ХУМАНОСТА ПРЕД СЀ: РЕАЛ ДОНИРА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА ЗА ЖРТВИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО ВАЛЕНСИЈА

Уште се проценуваат штетите од поплавите во регионот Валенсија кој го зафати пред неколку дена, додека бројката на жртви константно се зголемува.

Засега се потврдени 160 лица загинати во поплавите по што беше прогласена тридневна жалост, а поради тоа неколку фудбалски натпревари од Ла Лига беа откажани, меѓу кои и дуелот Валенсија – Реал Мадрид.

Кралевите пак, покажаа хуманост и одлучија да донираат еден милион евра за жртвите од поплавите, додека фондацијата Реал Мадрид заедно со Црвен Крст отпочнаа дополнителна кампања за донации.