Фудбал

НАШИОТ СТЕФАН МЕЃУ 11-ТЕ НАЈДОБРИ НА КОЛОТО (ФОТО)

Стефан Ристовски, поранешниот македонски репрезентативец, имаше партија од соништата во дресот на Динамо Загреб асистирајќи за двата погодоци со кои Модрите славеа на гостувањето кај Салцбург во третото коло од ЛШ.

Капитенот на хрватскиот првак за своето одлично издание беше прогласен за играч на натпреварот, а УЕФА го стави и во идеалните 11 од третото коло, во друштво со ѕвезди како Барела, Винисиус, Рафиња, Стоунс…