Фудбал

ПРОПУСТ НА ЗАПИСНИЧКАТА МАСА: ТАВАРЕС ИГРАЛ СО ПЕТ „ЛИЧНИ“ ПРОТИВ ЗВЕЗДА

Голем број на судиски грешки го одбележаа стартот на новата сезона во Евролигата, а вчера се случи нов скандал во Мадрид за време на дуелот меѓу Реал и Црвена звезда.

Имено, Еди Таварес, еден од клучните кошаркари на Кралевите, играл со пет лични грешки, односно фаули, но поради пропустот на записничката маса, домашниот центар го одигра цел меч до крај.

Еден од фаули кој ги заработи Таварес бил доделен на Един Муса, иако судијата јасно го покажал бројот 22 од Таварес кон записничката маса, на кого требало да се запише фаулот. Така, Таварес иако направил пет фаули, статистички имал еден помалку и избегнал услов за предвремено завршување на средбата.

Реал го доби дуелот со убедливи 95:72, предност која ја остварија во првото полувреме.