Фудбал

ТЕПАЧКА ПОМЕЃУ МАЈСТОРИ АЛБАНЦИ И РОМАНЦИ НА КАМП НОУ

Луѓе од овие простори ги има насекаде низ Европа и светот, работејќи најразлични работи, а очигледно ги има и на Камп Ноу, стадионот на Барселона кој се реновира и кој наскоро треба да биде пуштен во употреба.

Но освен што на овој стадион до сега се играл врвен фудбал, во текот на вчерашниот ден се одиграла и една масовна тепачка помеѓу работниците, од една страна Албанци, од друга страна Романци, речиси 20 на број.

За резултатот не би сакале да преудицираме, оценете вие кој повеќе „ќотек“ добил.

Шпанските медиуми јавуваат и за повреди на најмалку 6 лица со посериозен карактер.