Фудбал

КЛОП СИ НАЈДЕ НОВА РАБОТА, ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА РАЗВОЈОТ НА ФУДБАЛОТ ВО РЕД БУЛ

Глобалната фудбалска организација на Ред Бул го ангажира Јиген Клоп за прв човек за развојот на фудбалот. Ексменаџерот на Ливерпул не издржа долго време по заминувањето од „Енфилд“ и најде нов ангажман, поинаков од она што досега работеше.

„По речиси 25 години поминати покрај аут-линијата, не би можел да бидам повозбуден што ќе бидам дел од ваков проект. Улогата можеби е поразлична од претходно, но мојата страст за фудбалот и натаму е голема. Имаме одлични таленти на глобално ниво и сметам дека можеме уште повеќе да им помогнеме во нивниот развој. Мојата примарна задача ќе биде да им бидам ментор тренерите и менаџментот во сите Ред Бул клубови“, истакна Клоп.

Наводно, во неговиот договор има клаузула со која соработката може спогодбено да се прекине доколку германскиот стратег добие повик да ја води селекцијата на Германија во блиска иднина.