МУ ПРЕСУДИЈА НА СКАПОТО ЗАСИЛУВАЊЕ НА ЈУВЕ ПО САМО 222 МИНУТИ ПОМИНАТИ НА ТЕРЕН
Објавено на: 08.10.2024
Дуглас Луис, летното засилување на Јувентус, се најде на удар на критики од страна на италијанските медиуми, кои му пресудија по само 7 одиграни кола во Серија А.
Бразилскиот играч за врска за кого Бјанконерите потрошија 51 милион евра летово, е прогласен за „златна канта“ на сезоната, иако одигра само 222 минути во црно-белиот дрес. Особено слаби настапи му беа последните два, против Лајпциг во ЛШ и против Каљари изминатиов викенд, во кои Луис им подари два пенали на противничките екипи.
Слабите партии покренаа шпекулации дека веќе во следниот преоден рок Јувентус ќе се ослободи од Бразилецот, што значи дека до крајот на декември Луис ќе мора да го поправи впечатокот за да не се раздели со гигантот од Торино.