РЕАЛ МАДРИД ЌЕ ПАЗАРИ ПО ПОДОЛГО ВРЕМЕ НА ЗИМА?
Објавено на: 06.10.2024
Ситуацијата и стартот на сезоната во кралскиот клуб е далеку од сјајна, а газда Перез и Анчелоти веќе се подготвуваат за зимски шопинг.
По вчерашната повреда на Карвахал кој најверојатно ќе ја пропушти цела сезона, Реал Мадрид ќе остане „тенок“ на десната бековска позиција, каде што единствен преостанат во моментов е Лукас Васкез. Иако не сме навикнати на зимска активација на кралевите на трансфер пазарот, шпанските медиуми денес најавуваат дека разговорите од денес се веќе започнати.
Една од варијантите на таа позиција до крајот на годината е да се преместе Хесус Фортеа, 17 годишен играч од младинскиот погон, кој „белите“ веќе го планираат на подолг период, но Анчелоти сака веќе докажан играч. Другата можност е поран напад на Трент Александар Арнолд, фудбалер на кој му истекува договорот во Ливерпул, но преговорите со црвените се во тек. Сепак, вчерашниот расплет на настаните можеби ќе ги примора челниците на Реал Мадрид побрзо да реагираат.
Трето сценарио е прекомандување на некој стопер на таа позиција, а ангажирање на нов стопер во јануари, каде што во изборот предничи Кастело Лукеба од Лајпциг, за кого освен од Мадрид, постои и интерес од Лондон, поточно од Челси.
Како опција, шпанските медиуми не ја отпишуваат ни можноста на Бернабе да пристигне млада крв, поточно Хорел Нато од Ајакс или Витор Реис од Палмеирас, за кого силен интерес пројави и Арсенал.
Несомнено, црвениот аларм е вклучен во Мадрид и повеќе од очигледно е дека барем еден нов играч ќе го облече белиот дрес во јануари.