Фудбал

МУРИЊО ПО САМО ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ ЌЕ СЕ РАЗДЕЛИ СО ФЕНЕР ЗА ДА СЕ ВРАТИ ВО АНГЛИЈА?

Турските медиуми пренесуваат шокантна вест околу Жозе Мурињо и неговиот ангажман во Фенербахче, кој би можел да заврши по помалку од шест месеци.

Имено, групацијата Фридкин која го откупи Евертон, има намера да го врати Специјалниот во Премиер лигата и тоа во скоро време, поточно штом се финализираат административните обврски околу преземањето на клубот од Мерсисајд.

Интересно е што оваа групација го поседува и калчолигашот Рома, газдите на Римската волчица веќе го имаа ангажирано Мурињо да ја води Рома, но истите и го отпуштија минатата сезона.

Сега сакаат да ја исправат таа грешка и да му дадат нова шанса, што за Мурињо би зналело камбек во англиското првенство по четврти пат, откако во минатото на двапати го водеше Челси, па Манчестер јунајтед и Тотенхем.

Предводник на Евертон моментално е Шон Дајч кој во ланската сезона го спаси клубот од испаѓање во Чемпионшип, иако на Карамелите им беа одземени бодови поради финансиски нерегуларности, додека оваа сезона по 6 кола имаат само една победа.